-4 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Пандев им се извини на навивачите на Џенова: Неприфатливо е како загубивме!

Најчитани вести

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев им се извини на навивачите на најстариот италијански калчолигаш Џенова за дебаклот вчера во Парма и поразот со 1-5 во Серија А.

Џенова лани успеа да се спаси за опстанок, ама годинава после очајниот старт е еден од кандидатите за испаѓање во Серија Б, па пред џеновјаните е тешка битка за да го зачуваат статусот на елитен клуб во италијанскиот фудбал. Парма со три гола на Корнелиус и нов блесок на несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски, кој ја избра Шведска за да игра за нивните национални тимови (гол и две асистенции) ѝ одржаа лекција на Џенова.

„Мора да им се извиниме на навивачите после овој брутален пораз. Да примиш пет гола од Парма е неприфатливо. Ние мораше да се браниме почнувајќи од нападот, ама ќе повторам неприфатливо е да примиш три гола за пет минути. Загубивме за неколку минути. Мора да даваме сè од себе. Добро работиме на тренинзите, ама кога ќе дојде недела… Ни треба позитивен резултат за да не крене“, рече Пандев после мечот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести