Home » Пандев за легендарниот гол против Баерн во ЛШ: Бев уморен, но кога го видов Ето… (ВИДЕО)

Пандев за легендарниот гол против Баерн во ЛШ: Бев уморен, но кога го видов Ето… (ВИДЕО)

by Журнал.мк

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, зад себе остави кариера каква што посакува секој професионалец. Можеби не освои многу трофеи, но со Интер славеше во Лигата на шампионите, а минатата година ја одведе Македонија на историско Европско првенство. 

За официјалниот сајт на Интер, поранешниот капитен на Македонија се врати единаесет и пол години назад за да ја раскаже емоцијата по постигнатиот гол против Баерн Минхен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. 

„Бев многу уморен, но кога го видов Снајдер како го уфрли Ето, знаев дека Саму нема да ја загуби топката и си реков „Трчај за топката да стигне до тебе“. Тој ми додаде и јас шутирав без да гледам“, вели Македонецот во видеото објавено на социјалните канали на Интер.

Пандев за Интер настапуваше од 2009 до 2011, одигра 47 натпревари и постигна пет гола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More