11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Пандев: Ако Наполи го купи Елмас прави одлична зделка, тој е еден од најдобрите млади играчи во Европа

Најчитани вести

Капитенот на Македонија, Горан Пандев вели дека Наполи прави одлична зделка ако го купи Елиф Елмас и добива еден од најдобрите млади играчи во Европа за мала сума.

Изминатава недела имаше голем број на стории за иднината на Елиф Елмас, медиумите од Италија се убедени дека Наполи ја добива битката за талентираниот Македонец. Се верува дека е договорен трансфер вреден 16 милиони евра плус бонуси и наскоро треба да пристигне официјална потврда.

И додека се чека абер од двата клуба, капитенот на Македонија, Горан Пандев даде коментар.

„Елмас за 16 милиони евра е живо џабе, доколку Наполи го купи, прави одлична зделка. Елиф е помеѓу најдобрите млади играчи во Европа“ – вели Горан Пандев во разговор за Скај Спорт Италија.

„Разговарав со него, не кажа ништо конкретно, но ќе биде среќен ако заигра во Италија. Елмас е важно засилување бидејќи може да игра на сите позиции во средниот ред, има добро око за гол и добро се снаоѓа во улогата на треквартиста и играта зад надпаѓачите“.

„Верувам дека Наполи е идеален клуб за него“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести