-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

„Пандевци“ бараат нов триумф во Битола, скопско дерби во Ѓорче Петров

Најчитани вести

На терените ширум државата денеска (15 часот) на програмата е комплетното седмо коло во Првата фудбалска лига. 

Лидерот на табелата Академија Пандев ќе се обиде да го задржи врвот со триумф на гостувањето кај Пелистер. Битолчани се последни на табелата и од шест натпревари освоија само еден бод и тоа во 5.коло, кога на свој терен ремизираа 2-2 против актуелниот шампион Шкендија. Тимот на Александар Васоски е фаворит на денешниот дуел, но „пелистерци“ во Купот во средата се загреаја со победа од 0-9 против Љуботен. 

Еден од поинтересните натпревари денеска треба да биде скопската пресметка помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички. „Лавовите“ сезонава покажуваат дека се исклучиво домашна екипа, бидејќи славеа на сите три натпревари на својот стадион, а загубија на сите три надвор од Ѓорче Петров. Интересно е тоа што на последните четири меѓусебни средби на овие две екипи во првенството, Македонија има три победи и само едно реми.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 
7.коло

Пелистер – Академија П.
Македонија ЃП – Работнички 
Скопје – Шкендија
Шкупи – Борец
Брегалница – Тиквеш
Ренова – Струга

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com