18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Панајотопулос: Во 2019 имавме 4.500 прекршувања на воздушниот простор од турски воени авиони

Најчитани вести

Имавме 4.500 прекршувања на воздушниот простор од турски воени авиони во 2019, но и 4.500 пресретнувања од грчки воени авиони, рече министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос во говорот за време на расправата во грчкиот Парламент за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

-Вооружените сили се во добра форма, борбени и подготвени. Јасно е дека се соочуваат со зголемени барања, со повеќе предизвици, но одговараат. Секојдневно станува збор за прекршувања на нашиот воздушен простор од турски воени авиони. Да, но ние сме со нив и до нив. Имаше 4.500 прекршувања од турски воени авиони во 2019, но и 4.500 пресретнувања од нас. И ќе направиме сѐ што е потребно за да сме секогаш со нив, рече министерот за одбрана на Грција.

Панајотопулос ги повика пратениците да гласаат за трошоците за Министерството за одбрана и на тој начин да испратат соодветна порака, како во внатрешноста така и во надворешноста на земјата, бидејќи, како што рече, „националната одбрана не е партиски, туку национален случај”.

Буџетот за Министерството за одбрана за 2020 доцна синоќа беше изгласан со широко мнозинство и поддршка од 250 пратеници, а меѓу нив и од опозициските партии СИРИЗА и Грчко решение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com