-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Пак ќе се обидат да прават влада без ГЕРБ на Борисов

Најчитани вести

Копретседавачот на победничката партија на парламентарните избори во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, Асен Василев, најави дека неделава ќе почнат разговорите со нивните потенцијални партнери.

Ќе разговарааат со сите во парламентот, освен со второпласираната ГЕРБ на Борисов и со партијата на Турците ДПС.

„Нашата идеја е да формираме работни групи од сите партии – од нас, БСП, ДБ, ИТН – во секој од секторите каде што се потребни реформи – енергетика, здравство, образование. Во овие групи би ги повикале и министрите од официјалниот кабинет, во нивната улога на експерти. Да разговараат за главните проблеми, начините за нивно решавање и на крајот да направат план за следните 4 години“, објасни Василев.

Според него, за одржливо владеење потребно е стабилно мнозинство во парламентот. Тој додаде дека ветената промена не може да се случи со малцинска влада.

Тој објасни дека во моментов не гледа околности што би го натерале Продолжуваме со промената да преговара со ГЕРБ и ДПС.

По јулските избори на клои победи партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, исто така беше неправен обид за составување влада без партијата на експремиерот Бојкои Борисов, па се отиде на трети по ред предвремени избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com