Home » Пакета како Џака – под истрага дека намерно добива жолти картони за обложувачки ќар!

Пакета како Џака – под истрага дека намерно добива жолти картони за обложувачки ќар!

by Lina Muslija

Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета, фудбалерот на лондонски Вест Хем, чиј трансфер во Манчестер сити е стопиран поради истрага за обложувачки малверзации, сега е под истрага на англиската ФА за намерно добивање жолти картони.

Пакета е само последен во низата, кој се наоѓа на тапет на истрага на ФА, дека намерно добива жолти картони за обложувачки заработки. Еден од жолтите картони кој посебно се истражува е опомената од судијата што ја доби во 93-та минута против Бормут на отворањето на сезонава.

Наводно, како што информираат дел од англиските медиуми, на жолт картон на Пакета имало зголемено обложување во завршницата на мечот, пред Браазилецот да добие картон. За ваков престап, намерно добивање жолт картон, на тапет беше и Швајцарецот со косовско потекло Гранит Џака, екс-фудбалерот на Арсенал, за кого истрагата се прошири и на повисоко ниво, поради можна вмешаност на албанската мафија во целиот случај.

Инаку Пакета требаше да оди во Сити, но трансферот го запреа ФА и ФИФА после добиени информации за големи уплати дека ќе се пресели од Лондон во Манчестер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More