Home » Падот на биткоинот продолжува негативно да влијае на криптовалутите

Падот на биткоинот продолжува негативно да влијае на криптовалутите

by Журнал.мк

Биткоинот денеска падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува негативно да влијае на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании.

Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше само 32.951 долари. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност на биткоинот од јули минатата година.

Според најновите достапни податоци од крипто-пазарот, биткоинот моментално малку закрепнал и се тргува за околу 33.500 долари, што значи дека е во пад од 1,4 отсто на дневна основа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More