Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени кога во неделата се урна дел од трибината на арената за борби со бикови во градот Ел Еспинал во Колумбија.
Гувернерот на провинцијата Толима, Хозе Рикардо Ороско за локалното радио Блу потврди дека е познато дека загинале четири лица – две жени, маж и малолетник, а неколку лица се водат како исчезнати, пренесува Би-би-си.