Големото дерби на македонскиот фудбал во рамки на 18. коло од ПМФЛ на програмата е во недела со почетоко од 13:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
Денес беше објавено кој ќе ја дели правдата, а честа како главен арбитар му припадна на Александар Ставрев.
Прв помошник ќе биде Марјан Кировски, а од спротивната страна ќе асистира Дејан Костадинов. Четврт судија ќе биде Гоце Петрески.
Позади головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски.
Комплетно делегирање за следното 18. коло во ПМФЛ.