Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез си заминува од Манчестер Јунајтед и се сели во таборот на италијанскиот калчолигаш Интер.
Оваа информација ја пренесоа голем број на медиуми што значи останува само да добиеме официјална потврда со тоа што веќе се објавија и детали од зделката. Санчез доаѓа на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица по која Интер нема обврска да го откупи неговиот договор.
Воедно Интер ќе покрие само 5 милиони евра од платата на Санчез која изнесува 23 милиони евра, односно останатиот дел останува на Јунајтед. Ова за напаѓачот е враќање на Апенините по осум години со оглед на тоа што од 2006 до 2011 година го носеше дресот на Удинезе по што беше дел од Барселона, Арсенал и Јунајтед.
Алексис е втор играч на клубот од „Олд Трафорд“ кој ова лето се сели во Интер, првиот беше Ромелу Лукаку.