16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Падна договор: Во Грција и Хрватска само со ковид-пасош

Најчитани вести

Наша цел е ‘ковид пасошите‘ брзо и ако е можно, во единствен облик да се применуваат на ниво на целата Европска Унија. Ние се бориме за опстанок на европскиот туризам – изјави австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер.

Грција, Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Италија, Малта, Португалија, Шпанија и Словенија уште кон крајот на март договорија седум критериуми за „ковид пасошите“, кои би требало да почнат да се применуваат најдоцна во почетокот на јуни.

‘Ковид пасошот“ преку Кју-Ар кодот веднаш ќе дава информации дали лицето е вакцинирано, дали има негативен ПЦР тест или ја прележало болеста. Со тоа ќе се овозможи негова едноставна примена во цела Европска Унија, и на аеродроми и во селски гостилници – додаде Кестингер.

Европската комисија во следните денови треба да донесе конечна одлула за примената на пасошите, а потоа тие ќе се усогласуваат и со трети земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести