Хеликоптер „газела“ на Војската на Србија се срушил денес попладне во реонот на аеродромот Лаѓевци при редовна летачка вежба, но за среќа нема загинати.
Како што дознава „Новости“, екипажот е во ред и немало тешки последици.
Истрагата ќе ја утврди причината за падот на хеликоптерот.