17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Павлина Црвенковска избрана за претседателка на Судскиот совет

Најчитани вести

За нова претседателка на Судскиот совет денеска беше избрана Павлина Црвенковска.

За неа гласаа сите членови кои беа физички и онлајн присутни. Таа доаѓа на функцијата откако на Киро Здравев му истече мандатот.

Црвенковска се заблагодари за довербата и кажа дека со нејзиниот професионален интегритет ќе ја извршува функцијата.

– Претседателот на Судскиот совет го претставува Советот, раководи со седниците, ги потпишува сите одлуки и решенија кои се донесени, а воедно е и претседател на судско-буџетскиот совет. Функцијата која ми е дадена ја сфаќам како прва меѓу еднаквите. Ние сме колективно тело, ги носиме одлуките со мнозинство гласови. Јас ќе придонесам што веќе да се зајакне тимскиот дух. Се надевам дека степенот на доверба кај граѓаните во судството ќе биде покачен за барем едно ниво – рече Црвенковска.

Седницата за избор на претседател ја водеше заменик претседателот на Судскиот совет, Милазим Мустафа.

На седницата не присуствуваше експретседателот Киро Здравев, министерот за правда Бојан Маричиќ, како и дел од членовите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести