Home » Павле Трајанов побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик

Павле Трајанов побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик

by Журнал.мк

На денешната седница во Македонскиот Парламент, Павле Трајанов, побара да се деблокира постапката за измени на Изборниот законик, со кои се предлага, Македонија да биде една изборна единица.

Во оваа насока, Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, меѓу друго нагласи: “Сакам да искажам благодарност до сите новинари кои година дена дадоа огромна поддршка за измените на Изборниот законик, со кои ќе се демократизира Македонија, но и ќе се овозможат услови за да граѓаните имаат избор при гласањето.”

Трајанов посочи дека мнозинството пратеници ги поддржуваат промените поради што е неопходно да се деблокира донесувањето на овие измени.

Трајанов најави дека наредните денови ќе се направат консултации со предлагачите и поддржувачите на законот, се со цел да се деблокира процесот на реформи во изборните правила.

Ние сме одговорни пратеници, свесни сме за рефлексиите на војната во Украина, но Парламентот треба да продолжи со работа и реформите да продолжат.

Во услови на нарушена стабилност во Европа и Балканот, Владата има сериозни обврски, но нема никакви пречки Парламентот нормално да работи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More