Home » ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ Реципроцитет во односите со Бугарија и никако поинаку

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ Реципроцитет во односите со Бугарија и никако поинаку

by Журнал.мк

Лидерот на Демократски сојуз, воедно и пратеник во македонското Собрание Павле Трајанов, ги повтори неговите нацрт-предлози за т.н. француски предлог, на денешанта 81 собраниска седница на Парламентот.

Трајанов истакна дека нацрт-предлозите се компромис на тоа што го предлага СДСМ и на тоа што го предлага ВМРО-ДПМНЕ и дека е основа за постигнување на барем минимален консензус за интегрален текст на Собранието во одлуката за предлогот.

На Трајанов му реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој го потсети дека согласно предлогот, Македонија со прифаќањето на предлогот нема да ги започне преговорите со ЕУ, туку ќе го започне процесот на менувањето на Уставот, а за тоа ќе биде потребен и неговиот глас. Милошоски кажа и дека предлогот треба да го прифати Владата и дека не му е место во Собранието. А ако веќе се бара мислење од пратениците, тогаш тие треба да го одбијат или да го прифатат, без притоа да даваат контра предлози.

– Доколку предлогот беше добар, тогаш немавме да имаме собраниска расправа. Што се однесува до промената на Уставот, само доколку се обезбеди реципроцитет, значи доколку Бугарија го признае македонското малцинство ако не поинаку туку по основ на пресудите од Судот во Стразбур, тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав. Во спротивно јас нема да гласам за тоа – одговори Трајанов.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More