-5.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Оpel ја претстави целосно новата Astra

Најчитани вести

На светската премиера во Раселхајм, Opel ја претстави целосно новата, шеста генерација на Astra.

Новата Astra освен со бензински и дизел мотори ќе биде достапна и како плагин хибрид, а во целосно електрична верзија ќе биде достапна од 2023 година.

Распонот на моќноста на моторите во понудата ќе се движи од 81 kW/110КС до 165 kW/225 КС.

Временскиот скок од претходната генерација која беше претставена во 2015 година е забележлив и во внатрешноста, со доаѓањето на целосно дигиталните табли со инструменти, а аналогните заминаа во историјата.

Новата Astra e долга 4.374 mm и широка 1.860 mm, а во споредба со претходникот е подолга само 4 mm. Меѓуосовинското растојание е зголемено за 13 mm, на 2.675 mm.

Нарачките за новата Opel Astra почнуваат од крајот на годинава, а првите испораки ќе бидат на почетокот од 2022 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com