-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

О2 организација бара одговори како фирмата „Екоцентар 97“ го добила тендерот за Охис, a не ги исполнува условите

Најчитани вести

Колку подолго се разгледува случајот Охис и чистењето на хемискиот опасен отпад, се отвораат нови прашања и расте неверувањето дека надлежните се способни да се справат со ваква сериозна закана, велат од Иницијативата О2.

Според Елаборатот за заштита на животната средина, од април 2019, објавен на страната на Министерството за животна средина се вели:

„При инвертаризација на резервоарот со метил акрилат е забележано дека истиот го нема во резервоарот. Се претпоставува дека целата количина на метил акрилатот е испарена преку одишокот.“

„Три дена се сликаат до цистерната во која стоел метил акрилатот кој го миеле со вода (а не се растворал во вода), а кој според елаборатот кој го одобрил МЖСПП го немало пред да започне постапката. Дали свесно ја лажевте јавноста“, прашуваат од О2, и продолжуваат:

„Ако не, дали сте одобриле елаборат со неточни податоци? Што испарило? Која од наведените супстаници со слични симптоми ја дишеле скопјани 20 часа пред да излезете на терен и 40 часа по констатирањето дека нема никакви траги од метилакрилат во воздухот, зошто инаку тој ќе стои два дена и ќе ве чека да го испитате“, бараат одговор од организацијата.

Прочитајте и… Исчезна венецуелски генерал и разузнавач кој САД го бараат со потерница
Важно во огласот/објавениот тендер кој Екоцентар 97 го добил стоело дека има 11 тони метил акрилат мономер кој треба да се отстрани, а всушност немало воопшто, како и 35 тони акрилонитрил мономер, а имало 5 до 10 тони, и метанол за кој во огласот стоело дека се околу 50 тони, а биле 25 до 30. Сумата која му е исплатена на Екоцентар, околу 2 милиона евра, е и за тие непостоечки над 50 тони хемиски супстанции.

За О2 неприфатливи се условите во тендерот за отстранување на опасните материи од Охис.

„Уште е несфатливо како е можно оглас за отстранување-дислоцирање, уништување или неутрализирање на тони и тони опасни, експлозивни, токсични хемиски материи од Охис биде објавен во весникот Вечер со рок од 15 дена да се достават понудите!? Мислам, да беше дислокација на мебел, маси и столици, разбираме. Ова е како за отстранување на линданот да објавеа во Вечер со рок од 15 дена, па кој прочита, прочита“ велат од О2.

Прочитајте и… Во Кривичен закажани три нови рочишта
Инаку условите во огласот биле фирмата понудувач
– да има склучено договор со меѓународна европска акредитирана лабораторија за дефинирање и декларирање на хемиски состав на суровините и за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализација на истите.
– да има претходни искуства за вршење на слични дејности со конкретни референци.
– да поседува дозвола за меѓународен транспорт на опасни материи (хемикалии) или да има склучено Договор со партнер кој ги поседува потребните дозволи и да ги поседува сите потребни дозволи предвидени според домашните законски прописи и меѓународни стандарди и меѓународни Конвенции потпишани од РМ.
– да приложи банкарска гаранција – финансиски доказ за извршување на услугата на сума не помала од 60.000.000,00 денари (1 милион евра).
– уништувањето на хемиските материи предмет на јавниот оглас да биде извршено надвор од РМ.

„И сево ова „Екоцентар 97“, како најповолен понудувач (многу нè интерсира кои биле другите понудувачи), го имал кога ја доставил понудата за две недели од објавата на огласот?
Банкраска гаранција од 1 милион евра? Што фирма беше оваа?
Бидејќи нема дозвола за транспорт на опасен отпад, склучила догoвор во тие две недели со фирма од Бугарија која има? И како е можно воопшто да стои во огласот дека не мора да има дозвола самата фирма понудувач, кога законот за управување со отпад тоа го бара?! ваков оглас НЕ СМЕЕЛО да се објави, уште помалку да го одобрат тие кои биле надлежни за тоа.
Претходно искуство со вршење на слични дејности Екоцентар 97 НЕМА. Самиот сопственик изјави дека ова им е прв пат. Па како да имаат искуство, кога немаат ни дозвола за вакви дејности!
Во двете недели Екоцентар 97 успеал да склучи и договор со меѓународна европска акредитирана лабораторија“, открива организацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести