28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

ОЈО: Детето што се задуши во пожар во Гостивар било врзано со ланец за нозете

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Гостивар во денешното соопштение поврзано со пожарот кој утринава се случи во зграда во центарот на Гостивар откри фрапантни, застрашувачки и взнемирувачи информации дека 7-годишното дете кое се задуши во моментот на пожарот било врзано со ланец за нозете!

Оваа информација ОЈО ја добило како првично сознание од лекарскиот тим кој бил на самото место. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.​

Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот.

Притоа, издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар.

Во пожарот кој се случи утрово во зграда на кејот во Гостивар е повредена уште една 35-годишна жена која е во критична здравствена состојба.

Доколку се потврдат првичните сознанија за тоа како детето било чувано во домот, овој случај не смее да се истражува само од аспект на причините за пожарот, туку треба да се вклучат и други институции кои треба да истражат што се преживувало ова дете во семејството и дали има негрижа и малтретирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести