14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Оштетени штедачи: Игнорирање на Одлуката на Уставен суд значи силување на правдата

Најчитани вести

„Што може да правите кога Основниот граѓански суд Скопје игнорира одлука на Уставен суд и не ја спроведува во дело? Ова прашање секојдневно го поставуваат над 3.000 семејства во државава, кои се директно оштетени од нефукционалноста на системот во којшто судската власт е неговата основа“,соопштија од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

„Едноставно, Основниот граѓански суд Скопје молчи и не постапува повеќе од четири месеци откако се донесе Одлуката од Уставниот суд со која се укина членот 163 став 3 од Законот за банки. Со укинување на оваа неуставна одредба, Фондот за осигурување на депозити законски го нема првенството во наплата на парични средства од стечајната маса пред сите други доверители ниту пак е веќе доверител за средствата исплатени до 30.000 евра во стечајната постапка на Еуростандард банка.

И покрај тоа што таа законска одредба веќе не постои во правниот промет во државава, Основниот граѓански суд Скопје го игнорира овој факт. Ниту постапува по службена должност да ги укине сите поединечни акти донесени врз основа на оваа одредба во стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај, ниту пак се произнесе на барањето на оштететните доверители да ја спроведе оваа одлука на Уставниот суд. Напротив, молчи и игнорира.

Дали постои механизам да се спречи ова силување на правдата од страна на Основниот граѓански суд Скопје? Дали може да се толерира вакво силеџинство од судската власт во земјава, од оние кои се должни да ги штитат и спроведуваат законите? Какво тоа општество имаме кога судската власт е таа која не ги почитува и уште повеќе, ги прекршува законите и Уставот во државата? Знае ли Основниот граѓански суд Скопје што значи непочитување на одлука на Уставен суд? Знае ли стечајниот судија на Еуростандард банка колку граѓани се оштетени и континуирано се оштетуваат директно со неспроведување на одлуката на Уставниот суд со која се укина неуставната одредба?

Токму тој суд кој се нарекува „граѓански” ги оштетува граѓаните за којшто истиот постои и од кои граѓани тие „граѓански” судии се платени. Со молк и игнорирање на одлука од највисоката судска инстанца во државата. Зошто не ја спроведуваат одлуката за која Основниот граѓански суд Скопје е надлежен? Зошто судот молчи?

Не може да има држава без владеење на правото. Без ова основно начело на колективно однесување и правила на делување нема ниту држава ниту уредување. Има безредие. А тоа се случува и поради низа политичко-криминално-коруптивни спреги и влијанија во кои е длабоко навлезена и судската власт во државава. Повторниот обид да се украдат личните парични средства на граѓаните и фирмите во стечајната постапка на Еуростандард банка е дел од ова милје во кое главна улога, овој пат, има токму таа судска власт.

Меѓународната заедница го следи процесот на Еуростандард банка во стечај. И тие се прашуваат како е можно Основниот граѓански суд Скопје да не ја почитува и не ја спроведува Одлуката на Уставниот суд. Токму таквото однесување од судската власт во оваа држава, нешто што е незамисливо во земјите од Европската унија, таму каде сакаме да станеме членка, ја држи во заложба целата држава.

Бараме и очекуваме Основниот граѓански суд Скопје веднаш да постапува по Одлуката на Уставен суд. Тоа е основа на која почива понатамошниот процес на стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај. Нема да дозволиме да бидеме покрадени во стечајната откако веќе не покрадоа од менаџментот на Еуростандард банка со поддршка од Народната банка“, истакнуваат оттаму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com