14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Очите вперени кон Трамп и Си на самитот на Г20 во Јапонија

Најчитани вести

Лидерите на Г20 денеска и утре се среќаваат на самит во Јапонија, кој се очекува да биде најважниот состанок на групата дваесет земји со најголеми економии во светот по глобалната финансиска криза во 2008 година.

Кога лидерите на Г20 се состанаа во Вашингтон само еден месец по падот на „Леман брадерс“ во 2008 година, тие беа фокусирани на една огромна задача – како заеднички да ја спасат светската економија и да избегнат огромна криза. Една деценија подоцна, Г20 се соочени со нов голем предизвик, трговската војна меѓу двете суперсили САД и Кина што ги тресе глобалните пазари. Затоа утрешниот состанок меѓу американскиот и кинескиот лидер, Доналд Трамп и Си Џинпинг, предизвикува најголемо внимание. Трамп и Си се состанаа пред седум месеци на самитот на Г20 во Аргентина и тогаш договорија 90-дневно примирје. Некои аналитичари се надеваат оти е можно ново трговско примирје, кое се очекува да донесе олеснување, но сигурно нема да значи и завршување на трговската војна што ескалира во пресрет на Г20, нагласува Би-би-си.

Други клучни теми на самитот на Г20 се очекува да бидат тензиите меѓу САД и Иран, како и еколошките прашања. Исто така, будно ќе се следи и како лидерите ќе се постават кон слободната трговија и протекционизмот. Лидерите на Г20 на минатиот самит во Буенос Аирес првпат не објавија заедничка заложба за борба против протекционизмот поради притисокот од САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести