Пријателската средба меѓу Охрид и Тиквеш која денес се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ не донесе победник и голови.
Натпреварот траеше еден час и се одиграа две полувремиња по 30 минути. Тоа не беше доволно актерите на теренот да постигнат барем еден погодок и да покажат дел од своите квалитети.
Тренерите на двете страни имаа можност да комбинираат и да тестираат формации и нови имиња.
Тиквеш го запиша првото реми во подготовките, а охриѓани го започнаа тест-периодот со нерешен резултат на домашен терен.