15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Охридско лето го прослави 59. роденден – фотогалерија

Најчитани вести

Директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ заедно со уметниците и гостите на фестивалот синоќа го прославија 59. роденден на најголемиот летен фестивал во земјава со торта и роденденската песна „Happy birthday“.

Директорката Наташа Поповиќ

Прославата следеше по концертот на врвните гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во полниот Антички театар. Гостинка на концертот беше виолинистката Ивет Џонсон од САД.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески

Почетокот на Охридско е на 4 август 1961, со настапот на оперската певица Ана Липша-Тофовиќ.

„Од година во година Охридско лето се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. Охридско лето се одржува секоја година од 12 јули до 20 август. а од 1994 е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите“, вели директорката Наташа Поповиќ.

Д. ЧУБРИЌ

Актерката Катерина Коцевска

Стефановски и Тадиќ изведоа познати македонски песни како „Јовано, Јованке“, „Калеш бре Анѓо“, „Саноќ седам Трено“, „Македонско девојче“/smart.sdk.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com