18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Охридски самит, експертите скептични за спроведувањето на договорите

Најчитани вести

Познавачите на политичките настани во регионов го гледаат со резерва Самитот во Охрид, на кој учествуваа лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија, вклучително и претставници од Босна и Црна Гора. Според нив, немањето детали од самитот остава простор за сомневање во искреноста на иницијативата. Новинарот Аугустин Палокај оценува дека регионалните иницијативи досега во голема мерка пропаѓале поради пристапот на Србија кон Косово.

„Тешко е да се предвиди што ќе се случува. Мислам дека има многу регионални иницијативи, но главните проблеми не се решени. Повеќето од проблемите произлегуваат од непризнавањето на Косово од страна на Србија, следствено и на Босна. Тоа е најголемата пречка за регионалната соработка. Исто така се манипулира и со името. Слушнав дека целта е да има движења на граѓаните со лични карти меѓу овие земји. Шенген е слободно движење без никакви документи.“

Поранешниот дипломат, Ристо Никовски, стравува од формирање на антиевропска унија.

Неучеството на Косово се смета дека е погрешен чекор на властите во Приштина. Палокај тврди дека Косово мора сериозно да ги преземе регионалните иницијативи.

„Ако Тачи беше таму, ќе беше ли таму косовското знаме и да не беше ќе прашаа зошто не е знамето? Ова е една идеја кон која Косово мора да има исклучително големо внимание.“

Никовски додава дека во вакви иницијативи сите држави имаат загарантирано место без оглед на нивните посебни односи.

На втората средба, Заев, Рама и Вучиќ разговараа за спроведувањето на заедничките регионални мерки за движење на луѓето, стоките, капиталот и услугите. Договорот опфаќа и движење на граѓаните со лични карти, мерка именувана како „Мини Шенген“, потоа признавање на дипломи и академски квалификации и право на работа, заедничка гранична и царинска контрола и слично. Следната средба е закажана за 21 декември во Драч. Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека очекува свои претставници да има и Косово каде дотогаш треба да се формира нова влада.(ALSAT-M)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести