36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Охридската библиотека со онлајн средби за популаризација на книги и читање литература

Најчитани вести

Народната библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ преку Меморандум за соработка ќе спроведуваат проект за популаризација на книги, автори и читањето кај младите лица.

Проектот ќе се спроведува во текот на една година. Активностите ќе се одвиваат онлајн, со замисла еднаш месечно да се организира средба на која ќе се разговара на теми од литературата, со нагласок на македонските автори и книги во годината во која се одбележува Стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Сара Коваческа од „Соната“ и Милчо Јованоски од Охридската библиотека ќе ја осмислуваат програмата за секој месец одделно, а во проектот ќе бидат вклучени и други членови на здружението и библиотекари. Онлајн средбите ќе се одвиваат под мотото „За вкусовите се расправа“.

Првата е закажана за утре – четврток од 19 часот, посветена токму на Блаже Конески. Настанот ќе се одвива преку апликацијата „Зум“ (https://us04web.zoom.us/j/72777539103?pwd=Y0IzUWlDVXljMk9KdWtvbkJ3SHNjdz09) и е отворен за сите заинтересирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести