-3 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Официјално: Хенес се повлекува од позицијата претседател Баерн

Најчитани вести

Ули Хенес ги потврди своите очекувања дека наскоро ќе си даде оставка од претседателската функција во Баерн (Минхен). Сепак, тој ќе остане во раководството, но на пониска позиција.

„Ќе поднесам оставка како претседател и претседател на Управниот одбор во ноември, но ќе останам во одборот како редовен член“, рече Хенес за „Билд“.

Газдата вети дека ќе ги открие своите планови до крајот на август. Хенес е во раководство на Баерн веќе 40 години, со исклучок на неговиот период поминат во затвор. Тој ќе наполни 68 години следната зима.

Според извештаите од медиумите во Германија, поранешниот шеф на „Адидас“ Херберт Хајнер ќе ја преземе функцијата претседател на управниот одбор и претседател на клубот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести