9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Официјално: Френк Лампард е нов тренер на Челси

Најчитани вести

Френк Лампард е нов тренер на Челси, легендарниот фудбалер на сините се врати на Стемфорд Бриџ во друга улога, потпиша тригодишен договор со сините.

Тоа што се предвидуваше се случи, Френк Лампард е новиот тренер на Челси, клубот денеска го потврди неговиот ангажман.

„Еден од најдобрите фудбалери во нашата историја, Лампард се врати на Стемфорд Бриџ, потпиша тригодишен договор“, стои во соопштението на Челси.

Лампард е горд што ќе биде нов тренер на Челси, не ја криеше својата среќа по потпишувањето на договорот.

„Неизмерно сум горд што се враќам во Челси како главен тренер. Сите ја знаат мојата љубов за клубот и историјата која ја делевме, како и да е, мојот единствен фокус е на работата и подготовките за престојната сезона. Тука за да работам напорно, да му донесам успех на клубот и не можам да дочекам да почнам“, вели Лампард.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com