13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Официјално: Стефан ел Шарави ја напушти Рома

Најчитани вести

Стефан ел Шарави е последниот фудбалер од Европа што кариерата ќе ја продолжи во Кина во екипата на Шангај Шенуа. Рома од трансферот ќе инкасира 18 милиони евра.

Повремениот италијански ререзентативец ќе заработува фантастични 15 милиони евра по сезона, а потпишал тригодишен договор со кинескиот клуб.

Крилниот напаѓач прва ја одби понудата од Шангај, но очигледно се премисли, бидејќи 15 милиони по сезона нема да заработи никаде во Европа.

Ел Шарави (26) кариерата ја почна во Џенова од каде потоа се пресели во редовите на Милан, а од 2016 година е во редовите на Рома. За италијанската репрезентација настапи на 24 натпревари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com