-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Официјално пуштена новата Twitter Blue претплата која чини 8 долари

Најчитани вести

Twitter официјално ја пушти новата или подобро да ја наречеме Twitter Blue претплатата на Елон Маск. Покрај повисоката цена за 3 долари од претходната, Twitter Blue донесува и неколку новини.

Главната новина е добивањето на ознака, синиот беџ, која досега се користеше за означување на потврдените, односно верификуваните профили на тие кои може да бидат имитирани, како на пример јавни личности, владини профили, компании и слично.

Со оваа одлука директно од Маск, сега веќе не е јасно како ќе се прави разлика од профилите кои се верификувани и тие кои не се, посебно што тој ја откажа одлуката за воведување на нова ознака која ќе ја има старата улога на синиот беџ.

Корисниците на Twitter Blue исто така веќе нема да можат да ја користат мрежата без реклами, но ќе им бидат прикажувани дупло помалку од другите корисници. Тие исто така треба да добијат можност за објава на подолги видеа, а за во иднина се најавуваат и подобри алатки за заработка од страна на креаторите.

Иако од Маск се очекуваат доста големи и важни работи, во главно поврзани со тргање на непотребното модерирање на секоја објава, односно тргање на објави поради став и мислење, сепак факт е дека на почеток направи мал хаос и отвори прашања за што може да се очекува во иднина.

Маск сам си најави дека од Twitter може да се очекуваат „глупости“ во месеците што следат, а во главно поради тоа што ќе се експериментира со нови функции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести