Она што „СпортСпорт“ го најави синоќа, денеска и официјално раководството на Шкупи го потврди. Младен Жижовиќ е нов чеф на стручниот штаб на клубот од Чаир.
Станува збор за тренер од БиХ, кој има 42 години, досега работел во неколку клубови во својата земја како и во С. Арабија.
“Мило ми е што сум дел од Шкупи. Се надевам дека сите заедно во клубот ќе придонесеме тимот да биде повторно еден од кандидите за титулата, секако и да излеземе на европската сцена“ рече покрај другото новиот стратег на Шкупи откако беше промовиран.