Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари против Израел и Летонија.
Интер официјално го потврди трансферот на Кристиано Бираги, кој доаѓа од Фиорентина на едногодишна позајмица.
Левиот бек ќе има статус на позајмен фудбалер, а „нероаѕурите“ следното лето ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.
26-годишниот италијански репрезентативец е дете на Интер каде дебитираше за првиот тим и запиша два настапи во Лигата на шампиони.
Потоа играше на позајмица во многу клубови во пониските лиги, а од минатата година стана сопственост на Фиорентина каде пружи одлични партии.
Ова за Бираги е враќање во матичниот клуб, а Интер како дел од трансферот го испрати Далберт во Фиорентина, исто така на едногидишна позајмица.