7.4 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Официјална презентација на новиот Mercedes GLA на 11 Декември

Најчитани вести

Во пресрет на официјалното деби, за девет дена, од Штутгарт лансираа и тизер слика и ни овозможија да ѕирнеме во кабината на најмалиот SUV во понудата на брендот со сребрена ѕвезда на хаубата.

Се очекува вистинска фиеста на 11 декември кога со промоцијата на новиот GLA од Мercedes ќе одбележат уште една успешна пазарна година.

Но како и секоја добар организатор така и Mercedes знае како да ја држи тензијата на љубопитноста кај публиката на високо рамниште се до самиот момент кулминацијата што треба да се случи во 14 часот на 11 декември.

Со таа цел  Mercedes објави тизер фотографија од внатрешноста на моделот.

Повеќето од кабината е познато од амбиентот на компактниот автомобил, а на тизер фотографијата акцентот  е ставен на безбедносните системи на GLA, конкретно на системот за детектирање на слепа точка, со опција за предупредување при излез односно при отворање на вратата.

Производителот потенцира дека новиот GLA ќе биде еден од технолошки најнапредни мали crossover модели на пазарот, бидејќи Mercedes ќе лансира технологија што варира од активна помош на сопирачките, па се до предупредување кога пешаците кои се наоѓаат на или во близина на пешачките премини и ве предупредуваат да бидете внимателни на нивното евентуално нагло зачекорување на преминот.

Инаку, во однос на претходникот, новиот GLA ќе биде повисок за 10 cm.

Уште еднаш повторуваме официјалната премиера е закажана на 11 декември а настанот ќе биде он – лајн пренесуван, а тие што сакаат да ја следат презентацијата можат тоа да го направат на следниот линк:

https://media.mercedes-benz.com/gla

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести