Телевизија 24 побара став од Европската Комисија, за бегството на екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Прашавме – Каква порака испраќа официјален Брисел? Колку ова може да влијае на проширувањето, довербата на ЕУ во македонската влада и почетокот на преговорите?
Од Европската Комисија за ТВ 24 велат:
„ЕУ ја следи ситуацијата многу внимателно. Ние долго време инсистиравме на важноста да се утврди одговорност за сите злодела, вклучително и во случаите поврзани со нелегалните прислушувања. Засега, ние нема да коментираме за тековните кривични постапки“.