14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Отфрлено барањето на претседателката на Молдавија да именува министри

Најчитани вести

Уставниот суд на Молдавија го отфрли денеска барањето на претседателката на државата Маја Санду да и биде дозволено да именува нови министри, со што продолжува повеќемесечниот спор меѓу неа и нејзиниот претходник Игор Додон.

Санду победи на претседателските избори во ноември минатата година, но влезе во судир со членовите на Парламентот, во кој доминираат пратениците кои го поддржуваат Додон.

Таа инсистира на одржување вонредни парламентарни избори, но Социјалистичката партија на Додон е против тоа.

Санду смета дека победата на нејзината Партија на акција и солидарност, која ја предводела пред да стане шеф на државата, ќе ја зајакне нејзината моќ и ќе и овозможи да ги исполни ветувањата за борба против корупцијата.

Санду и Дадон се во судир и околу именувањето на привремена нова влада, бидејќи претходната, која е именувана во времето на Дадон, поднесе оставка, поради што Санду му се обрати на судот.

Дадон ја поздрави одлуката на судот, оценувајќи дека со тоа не и е дозволено на Санду да го крши Уставот, да менува министри и да именува други по своја желба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com