10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Отсечена човечка глава фрлена на гласачко место на изборите во Мексико

Најчитани вести

Непознат маж фрли отсечена човечка глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, а во близина беа пронајдени најлонски вреќи полни со делови од тело, додека Мексиканците ширум земјата гласаа на избори.

Властите соопштија дека мажот побегнал а тие во областа пронашле пластични кеси со човечки остатоци и отсечени раце.

Нејасно е која е пораката на чинот и како ова треба да влијае на исходот од изборите, велат властите.

Аналитичарите велат дека повеќето изборни насилства обично се случуваат на ниво на општина, каде што бандите бараат да влијаат на изборите со надеж дека ќе обезбедат поголема контрола врз трговијата со дрога и други криминални активности.

Ерик Улисес Рамирез, кандидат на левичарската опозициска партија „Граѓанско движење“, кој преживеа обид за атентат минатиот месец во Кокула, рече дека двајца негови сојузници биле киднапирани, претепани и ослободени во неделата.

На едно избирачко место во државата Мексико, некој фрлил неактивна граната, објавија локалните власти.

Луѓето рекоа дека ќе гласаат и нема да бидат заплашени.

Мексиканците излегоа на гласање во неделата на парламентарните и локалните избори.

И оваа изборна кампања беше една од најкрвавите во поновата мексиканска историја. Консултантската куќа „Етеллект“ извести дека биле убиени 97 политичари, а 935 биле нападнати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com