Српската полиција откри илегален камп на мигранти на северот на земјата недалеку од границата со Унгарија, а во неделата наутро изврши операција во која беа откриени неколку лица осомничени за трговија со луѓе и други кривични дела.
Рано во неделата полицијата пронајде мигранти во илегален камп на бреговите на Тиса, во областа Српски Крстур во општина Нови Кнежевац, а според Министерството за внатрешни работи „лица и предмети интересни од безбедносен аспект беа пронајдени “.