Сагата наречена Бритни Спирс и Сем Асгари станува се поинтересна! Поп пејачката се разведува од сопругот поради наводна афера со член на нејзиниот персонал, кој наводно има криминално минато, дознава ексклузивно Пејџ сикс.
Додека процесот на развод е сè уште во тек, Спирс поминува време со маж кој наводно се вика Пол Ричард Солиз, 37-годишник кој работи за 41-годишната пејачка речиси една година. Неговите задачи се чистење на тоалетите, бришење на подот и собирање на ѓубрето.

Извор близок до пејачката тврди дека таа и вработениот станале многу блиски и додава: „Загрижен сум.“ Причина за загриженост е тоа што човекот бил ангажиран без проверка на позадината, а таа е прилично… криминална.
Како што пренесува Пејџ сикс, Солиз повеќе пати бил обвинет за разни прекршоци, па дури и за кривично дело. Така, тој во април 2014 година е осуден по една точка за нарушен јавен ред и мир, имал и кривична пријава за загрозување на дете, која според судската евиденција била одбиена поради спогодба. Тоа сè уште не е се. Бил осуден за возење без дозвола во 2016 година, додека посебното обвинение за возење со суспендирана дозвола беше отфрлено поради преговори за признавање вина, пишува Пејџ сикс.

Последниот конфликт со законот го имал минатата година, кога веќе работел за позната пејачка. Во декември 2022 година, тој е осуден за поседување огнено оружје.
Иако Солиз на крајот е ослободен, изворите откриваат дека поп принцезата сè уште поминува време со бившиот измамник и не се труди да го скрие нивното пријателство.
Откако минатата недела се појави веста за разводот со 29-годишниот Асгари, пејачката во неколку наврати е видена со мистериозен маж во јавноста. Се уште не е потврдено дали станува збор за Солиз.
Да потсетиме, странските медиуми претходно пишуваа дека Бритни наводно го изневерувала Асгари за време на нивниот едногодишен брак, но тие тврдења се уште не се потврдени. Извори изјавија за Пејџ сикс дека пејачката се изолирала од пријателите и семејството во овој тежок период од нејзиниот живот бидејќи чувствува „голема болка“ и шпекулираат дека сега можеби бара друштво и поддршка од Солиз.
Деновиве, Бритни наводно им се доверува само на своите адвокати, менаџерот и повремено на постариот брат Брајан Спирс, кој често останува со неа и и помага заедно со терапевт.
Пејџ сикс пишува дека пејачката веќе е позната по тоа што во чувствителните периоди од нејзиниот живот дозволува сомнителни ликови да се инфилтрираат околу неа. Откако се раздели од Кевин Федерлајн, со кого има два сина, во 2006 година, Сем Луфти – човек кој тврдеше дека е нејзин поранешен менаџер – стана клучна фигура во нејзиниот живот. Во 2008 година, судијата издаде забрана за приоѓање на Луфти поради тврдењата дека тој наводно ја дрогирал и вербално ја малтретирал поп-пејачката. Неговата забрана беше продолжена за уште пет години во 2019 година, бидејќи семејството на Бритни тврдеше дека поранешниот менаџер им испраќал вознемирувачки и заканувачки пораки и ги омаловажувал на социјалните мрежи.