18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Откриени деталите како Икарди воопшто заврши во ПСЖ – парите го победија инаетот!

Најчитани вести

Контроверзниот аргентински фудбалер Мауро Икарди заврши со интер после шест години во миланскиот гигант, па во последниот ден од преодниот рок замина во француски Пари Сен Жермен со што се стави крај на најдолгата трансфер-сага започната уште од март годинава.

За многумина заминувањето на Икарди е тотално изненадување, поради неговиот инает до крај да остане во Милано (имаше договор до 2021 година), па макар и да не игра да си ја зема платата, како одговор на притисокот што „нераѕурите“ му го правеа за да си оди. Но, на крајот Икарди попушти и не по своја волја, ниту со Интер се смирил, туку поради спонзорот – американскиот гигант Најк.

Американскиот концерн за спортска опрема е спонзор на трите страни, па нивната улога била клучна за Икарди да заврши на „Паркот на принцовите“, а на крај сите да бидат задоволни, пред се финансиски.

Приказната е следна. Икарди се согласил да го продолжи договорот со Интер до 2022 година со услов да има плата четири милиони евра. Интер со тоа добива шанса да му стави 65 милиони евра откупна клаузула за идното лето, ако ПСЖ се реши да го откупи. Аргентинецот оди во Париз на едногодишен заем вреден пет милиони евра, но ќе има седум милиони евра годишна плата. А, ако ПСЖ го откупи, а напаѓачот се согласи на таков трансфер со потпишување на долгорочен договор ќе добие плата од јуни 2010 од – десет милиони евра годишно.

Сето ова го договориле луѓе од Најк, а сега тие добиваат плус шанса да заработат од имиџ-правата на Аргентинецот во дресот на парижаните. Така всушност и го убедиле контроверзниот фудбалер и неговата уште по контроверзна сопруга и менаџерка Ванда Нара, која Интер ја обвинуваше дека е премногу алчна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести