17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Откриена тајната на чудовиштето од Лох Нес?

Најчитани вести

Група научници кои со месеци вршеле истражувања околу езерото Лох Нес сметаат дека можеби ја решиле тајната за чудовиштето Неси.

Тие изолирале ДНК примероци од водата, земени од различни делови и длабочини од езерото и според нивните сознанија, сите траги покажувале дека во езерото живеат познати видови животни и до сега не е пронајдено ништо необично што би можело да претставува дека во езерото живее мистериозно животно.

Ова е лоша вест за сите оние кои веруваат и посакуваат ова чудовиште да постои, но во време кога науката е развиена, нема простор за мистерии и заговори.

Исто така, во примероците од езерото се пронајдени траги од ДНК од јагули, па мистеријата можеби е изградена околу единка која можеби пораснала повеќе од вообичаено, но сигурно не од џиновски размер.

Најнови вести