Home » Откриена прва планета надвор од Сончевиот систем

Откриена прва планета надвор од Сончевиот систем

by Журнал.мк

Блескав гасен џин покриен со црвени облаци беше снимен со инструменти на телескопот Џејмс Веб, а научниците велат дека првата директна фотографија од егзопланета надвор од нашиот Сончев систем е историски момент за астрономијата.

Првата фотографија од егзопланета направена со вселенскиот телескоп Џејмс Веб е и прва од ваков вид направена досега, бидејќи астрономите досега директно фотографирале само 20 егзопланети и тоа само од телескопи базирани на Земјата.

Меѓутоа, бидејќи атмосферата на нашата планета го блокира најголемиот дел од инфрацрвената светлина, тие фотографии се со многу слаб квалитет и тешко се забележуваат детали.

Фотографијата направена од Џејмс Веб е првата фотографија од егзопланета снимена со помош на инфрацрвена светлина, која го сочинува најголемиот дел од светлината во атмосферата.

Поради ова, астрономите можат да препознаат многу повеќе детали на фотографијата и попрецизно да ја одредат масата и температурата, а исто така ќе им овозможи да го препознаат движењето на облаците.

„Ова е навистина историски момент за астрономијата. „Џејмс Веб“ ќе ни ја отвори вратата да проучуваме планети во многу поширок опсег на бранови должини и да го проучуваме нивниот состав подетално. Исто така, ќе можеме да откриеме присуство на вода “, вели професорот Саша Хинкли од Универзитетот во Ексетер.

Директното снимање на егзопланети е огромен предизвик поради светлината што ја емитира ѕвездата. Во фокусот на најновото набљудување е гасниот џин HIP 65426-b во соѕвездието Кентаур, кое е пет до десет пати поголемо од Јупитер и 385 светлосни години од Земјата. Таа е сто пати подалеку од својата ѕвезда отколку Земјата од Сонцето, што го олеснува препознавањето. И покрај тоа, таа е 10.000 пати помалку светла од својата ѕвезда – нешто слично на обидот да забележи светулка покрај светилникот оддалечен 80 километри. Најновите набљудувања утврдија дека температурата на атомосферата на планетата е 1.300 степени Целзиусови и дека црвените облаци се направени од силициум.

https://twitter.com/AarynnCarter/status/1565340289916514307?s=20&t=nnJFyPJpGMBmO86dupBHBA

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk