36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Откриена необична појава на Месечината, истражувачите воодушевени (ВИДЕО)

Најчитани вести

Површината на Земјиниот сателит очигледно крие уште многу тајни, тврдат истражувачите кои што се воодушевени со последното откритие.

Кинескиот ровер Yutu-2 кој што ја истражува површината на Месечината од јануари 2019 година, неодамна забележал несекојдневно откритие.

На земјиниот природен сателит пронашле карпа со остри рабови.

Кинеските истражувачи се воодушевени од новонастанатата ситуација, додавајќи дека на површината на Месечината очигледно се кријат уште многу тајни.

Научниците особено ги интригирал обликот на карпата која што била забиена во тлото, пренесува порталот „Futurism“.

„Типичните лунарни карпи имаат заоблени рабови поради влијанието на атмосферските појави, но ова е целосно поразлично“, се наведува.

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) планира детално да ја истражи карпата и прецизно да го утврди потеклото.

Најверојатно станува збор за остаток од метеорит од минатото. Тоа би покажало во која мера космичките тела ја менуваат геолошката слика за Месечината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести