27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Откриена е најголемата бактерија на светот, видлива со голо око

Најчитани вести

Научниците ја пронајдоа најголемата бактерија на светот во мочуриште во Гвадалупе – таа е во форма на бели влакна и со големина на човечка трепка.

Странскиот организам, наречен Thiomargarita magnifica, е долг еден сантиметар и 50 пати поголем од другите големи бактерии. Ова е првата бактерија видлива со голо око. Тенки бели влакна беа пронајдени на површината на листовите од мангрови кои се распаѓаат во плитко тропско мочуриште.

Откритието е изненадувачко, бидејќи според моделите на клеточниот метаболизам, бактериите не би требало да бидат толку големи. Бактеријата ја открил Оливие Грос, професор по морска биологија на Универзитетот Антилес во Гвадалупе. Ова се случи додека се бараа симбиотски бактерии во екосистемот на мангровите.

„Кога ги видов, помислив: чудно“, рече Грос.

По поблиска проверка, беше откриено дека има чудна внатрешна структура. Додека кај повеќето бактерии ДНК слободно лебди во клетката, кај оваа бактерија ДНК е врзана за клеточната мембрана. Исто така, беше откриено дека содржи три пати повеќе гени од повеќето бактерии, како и стотици илјади копии од геномот распространети низ секоја клетка, што ја прави невообичаено сложена.

На научниците не им е јасно како оваа бактерија станала толку голема. Една од можните причини за тоа е што се приспособила на овој начин за да ги избегне предаторите.

На други локации не се пронајдени такви бактерии. Откако истражувачите се вратиле на локацијата каде ја пронашле оваа бактерија, таа повеќе ја немало. Се претпоставува дека причината за нејзиното исчезнување е тоа што се работи за сезонски организам, пишува весникот Гардијан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com