Лидерот на Движењето Беса Биљал Касами подава рака на Огнената група која е исклучена од ДУИ. Воедно ја повика и Алијанса за Албанците да се приклучи на опозицискиот блок. Во соопштението до медиумите се вели:
-Вчера беше направен првиот чекор на соработка и обединување на албанската опозиција. Како претседател на Движењето БЕСА му подадов рака на соработка на Африм Гаши и по конечното раздвојување на фракцијата на ДУИ, ќе подадам рака на обединувачка соработка и на нив. Упатувам коректна и искрена покана до пратеничката група и до сите членови на Алијанса за Албанците со опозициска ориентација да се приклучат на опозицискиот фронт, бидејќи тие секогаш биле за промени во албанскиот политички табор и за рушење на ДУИ, велат од кабинетот на Касами, а притоа додавајќи:
Го поканувам и целиот опозициски спектар, јавните личности, албанската дијаспора и другите актери на албанското општество да се приклучат на овој фронт за албанскиот гласач на следните избори да има правилна адреса за процесот на промени, политичката ротација на Албанците. Направен е првиот чекор кон соработка и обединување. Сите заедно да работиме за победа на следните избори, за победа на Албанците“.