Home » Откако и купи кокошарник, сопругот на Сека Алексиќ за годишнината од брак и подари пиштол

Откако и купи кокошарник, сопругот на Сека Алексиќ за годишнината од брак и подари пиштол

by Журнал.мк

Популарната пејачка Сека Алексиќ доби на подарок пиштол за годишнината од бракот од сопругот Вељко Пиљикиќ. Таа открива дека неодамна добила дозвола за поседување на пиштол и дека тоа било нејзина желба, да знае да пука и да оди на стрелиште.

„За годишнината од бракот Вељко ми подари пиштол. Го прашав: „Дали си свесен што направи?“ Тој се насмеа, а јас му реков дека мора понекогаш да се користи, ако дојде до таква ситуација: „Ти си крив, си го купил“, изјавила пејачката. 

Неодамна пејачката на социјалните мрежи се пофали со кокошарник во кој чува десет кокошки и два петли во дворот од куќата во Стара Пазова, кој го доби на подарок од сопругот.

Да потсетиме, Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ на 12 септември 2009 година се венчаа во луксузен ресторан во Белград. На тој ден пејачката облече дури шест венчаници, за што се зборува и денес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More