4.8 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

Откажани околу 300 летови од берлинскиот аеродром „Бранденбург“ поради штрајк

Најчитани вести

Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА.

Откажани се околу 300 летови и се презакажани за утре, а дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг.
Штрајкот на аеродромските работници, безбедносниот персонал и персоналот на земјата е во организација на синдикатот Верди.

Се очекува прекинот на работата да влијае на противпожарната бригада на аеродромот, операциите за полнење гориво, ракувањето со багажот и шалтерите за пријавување на патници.
Синдикатот бара зголемување на месечните плати од 500 евра

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести