Home » Откажани летови поради штрајк во Белгија

Откажани летови поради штрајк во Белгија

by Журнал.мк

Најголемиот аеродром во Белгија, бриселскиот „Завентен“, денеска ќе откаже половина од предвидените летови, а ниту еден авион нема да полета од базата на Рајанер поради штрајк на синдикатите, незадоволни од падот на куповната моќ.

Најголемиот аеродром во Брисел, што во септември имаше два милиони патници, соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ и оти голем број летови ќе бидат откажани или одложени.

Вториот по големина аеродром Шарлроа, јужно од Брисел, ги откажа сите летови, објавено е на страниците на интернет.

Јавниот превоз речиси целосно ќе биде во прекин, штом белгиските работници почнат со маршот низ Брисел, барајќи поголеми плати и подобри услови за работа.

Годишната инфлација во Белгија во октомври достигна 12,27 проценти, најмногу од јуни 1975 година. Тоа првенствено се должи на порастот на цените на храната и на енергијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More