Отежнато водоснабдувањето во Струга, гром удрил во трафостаницата кај изворите во Шум

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Гром синоќа удрил во трансформаторот преку кој со електрична енергија се напојуваат водните пумпи во селото Шум, од каде со вода се снабдуваат Струга и околината.

Јавното претпријатие „Проаква“ информира дека трансформаторот претрпел големо оштетување, што го отежнува снабдувањето со вода на населението.

„Како последица на ова во текот на денот ќе има слабо снабдување со вода за пиење на Струга и селата. Апелираме до корисниците да преземат потребни мерки за да имаат вода барем за основните потреби додека не се санира овој голем дефект“, соопшти ЈП „Проаква“.

Екипи на претпријатието заедно со ЕВН Македонија се на местото на настанот и прават напори да го оспособат трансформаторот, со цел во текот на денот да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.