Home » Отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија

Отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка” во Демир Капија

by Журнал.мк

Со претставата ,,Умри машки” на демиркапискиот аматерски театар ,,Мирка Гинова”, синоќа во Демир Капија беше отворен првиот меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”. Како што беше кажано, фестивалот е отворен за професионални и аматерски театри.

-Демир Капија веќе шеесет години ја негува театарската уметност и нашите актери го прават тоа најпрофесионално што можат, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, нагласувајќи дека Општината ги поддржува ваквите и слични настани кои го подигнуваат животот во Демир Капија на едно повисоко ниво.

Тој рече дека шест децении, колку што всушност и постои демиркапискиот театар, се сонувало за една ваква манифестација и конечно сонот се остварува.

Претставата ,,Умри машки” во режија на Томе Атанасов, доби награда на два фестивала. Актерката Кристина Николовска беше наградена за најдобра главна женска улога.

Фестивалот што ќе трае неколку дена, го сочинуваат осум театарски претстави, ќе се претстават театри од земјава и странство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk