Home » Отворен е новиот повик за аплицирање за Млади европски амбасадори

Отворен е новиот повик за аплицирање за Млади европски амбасадори

by Журнал.мк

– Отворен е новиот повик за аплицирање за Млади европски амбасадори, што е објавен на webalkans.eu.

Платформата Млади европски амбасадори (YEA) е креативна мрежа на млади активисти од целиот Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). YEAs се разнолики, но сепак сите имаат заедничка визија: Западен Балкан обединет во различностите, учењето едни за други и за ЕУ заедно, спроведување на креативни проекти, стекнување на нови вештини, поврзување преку социјалните медиуми, организирање на инспиративни настани – секогаш предводени од идејата дека младинскиот активизам е најмоќната алатка за општествени промени.

Целта на мрежата е споделување на вредностите на ЕУ и подигнување на свеста за соработка на Европската Унија со нејзините партнери од Западен Балкан, прикажување на видливи резултати од оваа соработка, придонес кон политичкиот дијалог на различни теми, поддршка за зголемување на граѓанскиот активизам и заедничката работа за подобра иднина.

Младиот европски амбасадор е млад активист кој се гледа себеси како добар говорник, спремен да ги сподели вредностите на ЕУ, да учествува во проекти и настани поврзани со ЕУ интеграцијата, заштита на животната средина, човековите права, уметноста и културата и новите технологии.

Сите млади лица на возраст од 18 до 29 години од регионот на Западен Балкан можат да аплицираат. Апликациите се отворени до 30 јуни.

Организатори на отворените денови на YEA ќе бидат Europe House и Делегациите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан и секој заинтересиран може да присуствува на кој било настан. Исто така, амбасадорите ќе организираат и онлајн сесија на отворениот ден на YEA на која младите ќе можат слободно да се приклучат и да поставуваат прашања.

Повеќе информации околу распоредот на отворените денови можат да се најдат на следната веб страница – https://webalkans.eu/en/yea/events/yea-open-days-2022-in-the-western-balkans/.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More