15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Отворена сензорна соба за децата со пречки во развојот во ООУ„25 мај“

Најчитани вести

Отворена е сензорна соба во ООУ „25 мај“ во Скопје за учениците кои имаат пречки во разовјот. На свеченото отворање покрај градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, присуствуваше и министерката за образование Мила Царовска, која истакна дека инклузивните училишта значат, квалитетно образование, односно образование во кое децата ќе знаат разликите да ги препознаваат како квалитет, наспроти можноста за дискриминација.

– Навистина е значајно да се посети едно училиште кое во континуитет вложува во својата инфраструктура и во квалитетот и капацитетот на нивните наставници. Инклузивно образование, инклузивни училишта значат и квалитетно образование, образование во кое нашите деца знаат да се препознаваат во своите разлики и тие да ги истакнуваат како квалитет наспроти можност за дискриминација. Сензорната соба дава можност за подобар квалитет на учењето кај учениците со атипичен рзвој, но не и само за нив туку и за останатите ученици кои што имаат потреба за користење на вакви дополнителни ресурси во училиштата, изјави министерката.

Таа додаде да Општината Гази Баба заедно со Владата и со државните институциите треба во континуитет да вложуваат за училиштата да станат центар на заедниците.

– Креираме политики кои што значат инклузивност, тоа го гарантира новата концепција за основно образование, тоа го гарантира и новиот закон за учебници кој што за првпат препознава аудио верзија од сите учебници кои што треба да се воведат и исто така учебници кои што се подготвени на брајово писмо за да може учениците со оштетен вид да ги користат учебниците што не беше пракса до денеска, заклучи Царовска.

Градончалникот Георгиевски пак, истакна дека сензорната соба е опремена со сите наставни полагала за инклузија на децата со посебни образовни протреби.

– Како одговорна Општина, Гази Баба заедно со основните училишта постепено работи на тоа да оезбеди правото на сите ученици на пристап и учество во наставниот процес. Да потсетам со средства на општината ја уредивме и првата сензорна соба во ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, исто така трета година по ред ангажираме седум образовни лични асистенти, тие се подддршка за ученииците при наставата, оваа година овие обрзовни асистенти ги обезбедуваме со поддршка на министерството за образование и наука. Како Општина аплициравме за обезбедување на 25 образовни асистенти, овозможивме пристап до сите основни училишта со изградба на пристапни рамки, ги адаптиравме мебелот и тоалетите за потребите на учениците, рече Георгиевски.

Тој потенцира дека целта е да се обезбедат модерни инкулзивни образовни институции, за сите деца да бидат вклучени и прифатени како еднакви, а воедно најави и нова училишна зграда во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто. Како што соопшти градоначалникот тоа е училиште кое се наоѓа во многу лоша состојба.

Директор на училиштето Фадил Муртезани, информира дека со помош на МОН обезбедиле и дефектолог кој работел со децата кои имаат физичка потреба.

– Со тоа се комплетиравме и обезбедивме услови за сите деца, изјави директорот на основното општинско училиште „25 мај“, изјави директорот.

Стимулативите содржини кои се дел од сензорната соба се користат за да се обезбеди дополнително сензорно стимулирање на сите сетила кај овие деца со атипичен развој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести